
Италијанските медиуми, меѓу првите „Кориере дела Сера“, донесоа неверојатни вести – 12 поранешни и актуелни фудбалери од Серија А се под истрага за нелегално обложување. Државниот суд во Милано почна процес врз основа на податоци од мобилниот телефон на Сандро Тонали, играч на Њукасл и Никола Фаџоли, играч на Фиорентина, кои беа запленети во октомври 2023 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Споменатите играчи веќе беа суспендирани поради слични прекршоци, со тоа што овој пат во приказната се појавуваат нови актери и детали. „Газета“ истакнува дека никој од овие играчи не е под истрага поради сомнеж дека местеле натпревари или се обложувале на натпревари на кои играле. Она што го правеле било обложување на други спортови, но на нелегални платформи, а покрај тоа играле и онлајн покер.
„Во истрагата се запленети 1,5 милиони евра и испитани се 12 играчи од Серија А, затоа што вложувале пари кај двајца водители на нелегални обложувачки платформи – Томасо де Џакомо и Патрик Фицери. Сето тоа одело преку тројца вработени во златарница во Милано. Таа служела како банка за прикривање“, известуваат Италијаните.
Фото: Newcastle United/FB