Ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ без сомнеж ќе биде „бомбата“ на летниот трансфер период.
Еминентниот француски весник „Екип“ денес пренесува дека Србинот е главната трансфер цел на ПСЖ и дека „светците“ работат на решавање на проблемото со финансискиот фер-плеј.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно, ПСЖ веќе е во контакт со неговиот агент Матеа Кежман и е спремен да издвои „богатаство“ за да го донесе Милинковиќ – Савиќ на „Паркот на принцовите“.
„Интересот за Сергеј е огромен. Многу клубови покажуваат конкретен интерес, но тој е фокусиран само на Лацио. Ќе видиме што ќе се случи по завршување на сезоната“, потврди агентот.
Веќе од поодамана е познато дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за Сергеј, но ПСЖ му ги „замрси“ плановите на Мурињо.
ПСЖ се во добри односи со својот бивши фудбалер, Кежман, но преговорите нема да бидат воопшто лесни.
Јасно е дека Милинковиќ-Савиќ ќе биде еден од најскапите трансфери ова лето, бидјеќи Лацио не ни помислува да го пушти за помалку од 100 милиони евра.