Дома Топ вести Toj e „бомбата“ на летниот преоден рок – го сака половина Европа!

Toj e „бомбата“ на летниот преоден рок – го сака половина Европа!

0

Ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ без сомнеж ќе биде „бомбата“ на летниот трансфер период.

Еминентниот француски весник „Екип“ денес пренесува дека Србинот е главната трансфер цел на ПСЖ и дека „светците“ работат на решавање на проблемото со финансискиот фер-плеј.

Наводно, ПСЖ веќе е во контакт со неговиот агент Матеа Кежман и е спремен да издвои „богатаство“ за да го донесе Милинковиќ – Савиќ на „Паркот на принцовите“.

„Интересот за Сергеј е огромен. Многу клубови покажуваат конкретен интерес, но тој е фокусиран само на Лацио. Ќе видиме што ќе се случи по завршување на сезоната“, потврди агентот.


Следете го Sportski.mk и на


Веќе од поодамана е познато дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за Сергеј, но ПСЖ му ги „замрси“ плановите на Мурињо.

ПСЖ се во добри односи со својот бивши фудбалер, Кежман, но преговорите нема да бидат воопшто лесни.
Јасно е дека Милинковиќ-Савиќ ќе биде еден од најскапите трансфери ова лето, бидјеќи Лацио не ни помислува да го пушти за помалку од 100 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Флојд Мејведер одговори на предизвикот од Кабиб!

Флојд Мејвердер е спремен да го прифати предизвикот кој до него го испрати Кабиб Нурмагоме…