Михаел Шумахер, поранешниот седумкратен светски шампион во Формула 1, повеќе од 11 години се „крие“ од очите на јавноста и не се откриваат информации за неговата здравствена состојба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шумахер доживеа сериозни повреди на мозокот во декември 2013 година, кога падна додека скијаше во Франција. Од тој момент, тој е во приватност, во својата семејна куќа во Швајцарија, а пристап до него имаат само членовите на неговото семејство и најблиските пријатели.
Меѓу нив е и Жан Тод, поранешниот шеф на тимот Ферари, кој откри дека редовно го посетува Шумахер.
„Семејството на Михаел одлучи да не дава јавно изјави за неговата состојба и ја почитувам нивната одлука. Но, редовно го посетувам, како и неговото семејство. Наша врска е многу повеќе од деловна соработка – тие се важен дел од мојот живот“, откри Тод.