Дома Тикет на денот Тикет на денот (понеделник, 27.04.2026)

Тикет на денот (понеделник, 27.04.2026)

Овој понеделник имаме нешто послаба понуда, но сепак доволно голема за да составиме тикет на денот. Ова е нашиот предлог.

Манчестер Јунајтед – Брентфорд – 3+ @ 1.59 во Betet77

Ова е најдолгото коло во Премиер лигата. Започна во вторникот, а завршува со натпреварот на Олд Трафорд кој ќе се изигра помеѓу Манчестер Јунајтед и Брентфорд. Домаќините ја започнаа новата сезона очајно, но веќе на неколку кола пред крајот работите си идат на место. Во моментов се на делба на 3-та позиција заедно со Ливерпул и Астон Вила, но имаат еден натпревар помалку, па со евентуална победа овде ќе бидат во предност. Брентфорд е во реми серија и се наоѓа на 9-та позиција, но со реални шанси да стигне во зоната за Европа. Ние овде очекуваме ефикасен натпревар и типуваме 3+ со квота 1.59 во Betet77.

Лацио – Удинезе – ГГ @ 1.92 во BetLabel

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во последниот натпревар од 34-то коло од италијанската Серија А ќе се сретнат Лацио и Удинезе, а искрено овој дуел нема некое резултатско значење. Лацио и Удинезе играат само за престиж, а на табелата ги делат две места и 4 бода. Тоа значи дека без оглед на исходот, Лацио ќе остани пред Удинезе. Сепак гостинот многу често знае да изигра добро на страна и пред две недели славеше против Милан со одличен резултат од 3-0. Лацио ќе мора да се фокусира на Купот во Италија, па на овој дуел очекуваме да влезат релаксирано. Ние типуваме ГГ со квота 1.92 во BetLabel.

Арџеш – Универзитатеа Крајова – 2 @ 1.95 во 22Bet

Според нашите очекувања во романската лига предвидувавме возбудлива завршница, па тоа и се случи. Домаќините се на 6-та позиција со 30 бода и од зоната за Европа се оддалечени 7 бода, но за нив оваа сезона беше најважно да останат во елитата. Тимот од Крајова пак е во трка за титула, а во моментов имаат ист број бодови како и Клуж, но и еден дуел помалку, па со победа овде би стекнале предност од три бода. Ние веруваме дека ќе дадат се од себе, па типуваме 2 со квота 1.95 во 22Bet.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 5.96

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (недела, 26.04.2026)

Денес понудата е повеќе од фантастична, па искрено очекуваме да ја направиме вистинската к…