Дома Фудбал Tи благодариме за магијата: Се пензионира еден од најдобрите футсал играчи во историјата!

Tи благодариме за магијата: Се пензионира еден од најдобрите футсал играчи во историјата!

Легендарниот Рикардо Филипе да Силва Брага, познат како Рикардињо, ја заврши својата неверојатна кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тридесет и деветгодишниот виртуоз во малиот фудбал објави дека се пензионира на конференција организирана од Португалскиот фудбалски сојуз.

„Ова беше најтешката одлука што сум ја донел во животот. Телото и умот кажаа доста. Подобро е да се напушти спортот пред тој да те напушти тебе,“ изјави тој.

Рикардињо беше прогласен за најдобар играч на футсалот во светот шест пати, што е рекордно, според специјализираниот портал Футсал Планет.

Кариерата ја започна со Миремар, а славата ја постигна во Бенфика. Подоцна играше за Нагоја (Јапонија), московскиот ЦСКА, Интер Мовистар (Шпанија), АЦЦС (Франција), Пендецар Јунајтед (Индонезија), Рига (Латвија) и Екосити Генцано (Италија), освојувајќи вкупно 43 трофеи, меѓу кои три Лиги на шампионите.

За репрезентацијата на Португалија одигра 188 натпревари и постигна 142 гола, освојувајќи Светско (2021) и Европско првенство (2018).

„Мојот сон секогаш беше да бидам амбасадор на овој спорт, а за мене тоа значи да го пренесам футсалот во сите краишта на светот,“ изјави Рикардинјо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чеферин можеше синоќа да се посрамоти засекогаш, но Дембеле го „спаси“ (Видео)

ПСЖ синоќа во Будимпешта го победи Арсенал во финалето на Лигата на шампионите и ја одбран…