Дома Фудбал Англија Teн Хаг откри што им кажал на фудбалерите на полувремето: Ние можеме да победиме секого!

Teн Хаг откри што им кажал на фудбалерите на полувремето: Ние можеме да победиме секого!

Манчестер Јунајтед вчера со пресврт славеше против Астон Вила откако на полувреме губеше со 0:2 на крајот стигна до 3:2.

„Црвените ѓаволи“ ги израдуваа навивачите против еден од хитовите сезонава во Премиер лигата, а тренерот Ерик Тен Хаг ги пофали навивачите по натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Губевме на полувремето со два гола кои ги примивме по една статична ситуација и недоволна концентрација. Сепак, одигравме силно и во првото полувреме.

На полувремето им кажав на фудбалерите: „Продолжете да верувате и да ги правите работите на ист начин, уште подобро“. Моравме да направиме притисок врз противникот и видовте дека при 1:2 уште повеќе го подигнавме темпото.

Ако дадеме се од себе и играме како што знаеме, тогаш можеме да се надигруваме со секого, можеме и да победиме секого и по заостанување од два гола. Важно е да продолжиме со истиот дух и да покажеме карактер“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шампионот се враќа: Денвер и Јокиќ намалија во серијата против Минесота! 🎥

Кошаркарите на Денвер го победија тимот на Минесота со 117:90 (20:28, 21:28, 25:37, 24:24)…