Дома Фудбал Останато Тежок удар за Болт: Поради пожар претрпе милионска загуба!

Тежок удар за Болт: Поради пожар претрпе милионска загуба!

Легендарниот спринтер и еден од најдобрите атлетичари во историјата, Усаин Болт, се соочи со непријатност кога во ноќта меѓу петок и сабота дојде до пожар во неговиот ресторан “Track and Records”.

Англиските медиуми објавуваат дека, за среќа, нема повредени, но дека штетата е огромна.

Целиот горен кат на ресторанот е уништен, а првичните проценки укажуваат дека штетата се искачува до еден милион евра.

“Кога спасувачката служба пристигна, веднаш започна со гасење на пожарот и за неколку минути ситуацијата беше под контрола,” пренесуваат британските медиуми од нивен извор.

Инаку, ресторанот “Tracks & Records” беше дел од проектот Светската централна кујна – обезбедувајќи дневни оброци за заедниците кои беа погодени од ураганот Мелиса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Почна шаховската Суперлига на Србија во Врњачка Бања

Во Врњачка Бања започна Суперлигата на Србија, со учество на 23 шаховски клуба, 12 машки и…