Во вторникот Црвена звезда достави порака до медиумите од генерален директор Звездан Терзиќ и изрази сочувство упатени кон народот на Македонија по страшната трагедија во Кочани. Терзиќ потврди дека црвено-белите ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Сите во Црвена звезда длабоко ги потресе трагедијата што се случи во Кочани.. Веднаш стапивме во контакт со нашите легендарни играчи од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош стапивме во контакт со раководството на Вардар и се договоривме на 16 април да гостуваме во Скопје и да одиграме хуманитарен натпревар. Сите приходи од овој натпревар ќе се насочат кон семејствата на загинатите во оваа страшна несреќа“, рече генералниот директор на Црвена звезда Звездан Терзиќ.
„Ова е најмалку што Црвена звезда можеше да направи во овој тежок момент за својата братска Македонија“, додаде тој.
„Изразуваме искрено сочувство кон сите семејства на загинатите, како и кон сите граѓани на Македонија, со надеж дека со овој гест ќе покажеме колку не’ погоди оваа трагедија и колку сме сплотени во болката со семејствата на загинатите“, заклучи Терзиќ.