Дома Фудбал Тер Штеген го крена пехарот од Суперкупот, но доживеа голем срам во Џеда (Видео)

Тер Штеген го крена пехарот од Суперкупот, но доживеа голем срам во Џеда (Видео)

Барселона синоќа во Џеда го декласираше Реал Мадрид во финалната средба од шпанскиот Суперкуп со 5:2, а трофејот на крајот го подигна Марк-Андре тер Штеген иако германскиот голман веќе месеци е надвор од теренот. Но тоа што се случи за време на доделувањето на медалите и трофејот не остави добра слика за Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Рафиња и синоќа беше капитен на Барселона, на крајот играчите се договорија трофејот да го подигне Тер Штеген кој е прв капитен на Каталонците, но уште во септември заработи тешка повреда поради која за него оваа сезона заврши.

Германскиот голман допатува во саботата во Џеда за да ги поддржи своите соиграчи, а Рафинја и друштвото го изненадија со одлуката тој да го добие трофејот, што навистина беше одличен потег.

Сепак, на доделувањето на медалите не можеше без пропусти на Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Беше познато дека Тер Штеген ќе биде со тимот на сцената, но за него никој не подготви медал.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заминува по 23 години: Перез емотивно се збогуваше со Карвахал!

На крајот на оваа сезона, капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал (34), ќе го напушти клуб…