Дома Останати Тенис Патот на Квитова: Пред три години и кажуваа дека нема да може да држи рекет, а денес играше финале!

Патот на Квитова: Пред три години и кажуваа дека нема да може да држи рекет, а денес играше финале!

kvitova

Пред три години, Петра Квитова беше нападната од непознат сторител и малку недостасуваше и да остане без прсти на левата рака.

Сепак, Квитова не се откажа и на овогодинешниот Австралија Опен стигна до финалето каде што беше поразена од Наоми Осака.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Тешко ми е повредена ми е раката додека се бранев. Потресена сум, но и среќна што сум воопшто жива“, напиша Петра Квитова пред три години на Твитер.

Операцијата за спасување на нејзините прсти траеше четири часа и докторите успеаа.

Квитова на тренингот му се врати после пет месеци, но двократната освојувачка на Грен Слем после враќањето никако не можеше понатаму после четвртфиналето на некој од четирите најголеми турнири. Се до сега кога стигна до финалето на Австралија Опен.

На патот до финалето помина шест противници и не им пропушти ниту сет.

Мечот за трофеј, но за светски број 1, беше еден од најдраматичните во последните години. Осака ја победи Квитова со 7:6, 5:7, 6:4.

Во говорот на церемонијата при прогласувањето на победничката, Квитова истакна:

„Сакав да победам и да го подигнам трофејот. Но, мислам дека веќе победив. Кога се вратив на тенисот пред две години. За мене тоа беше чудесен потфат. Бидејќи не бев сигурна дали воопшто ќе држам рекет во раката“.

И се поклони и победничката Осака.

„Петра, сакам да ти честитам. Помина толку многу. Секогаш сакав да играм со тебе. Но искрено, не сакав нашиот прв меч да биде оној во кој едната мора да подигне трофеј, а втората да изгуби“.

Овој Грен Слем дефинитивно има две победнички!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…