Дома Фудбал Англија Teн Хаг: Јас сум човекот кој ќе ја врати славата на Јунајтед

Teн Хаг: Јас сум човекот кој ќе ја врати славата на Јунајтед

Манчестер јунајтед загуби во првото коло од Брајтон со 1-2 на домашен терен, но тренерот Ерик Тен Хаг смета дека е вистински човек за да ја врати славата на поранешниот англиски шампион.

Тен Хаг во разговор со „Скај Спортс“ зборуваше за можностите на екипата на Јунајтед и кажа дека ќе освојат барем една титула ако остане четири години во клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не можам да барам трпение од навивачите, но се надевам дека ќе имаат разбирање. Ако сакаат победнички тим, тогаш ќе го добијат. Ако бидам тренер четири години, сигурен сум дека ќе освоиме барем една титула“, вели тренерот.

Јунајтед денеска од 18.30 часот гостува кај Брентфорд и Тен Хаг се надева дека ќе има повеќе среќа, па ќе ја запише првата победа во Премиерлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…