Манчестер Јунајтед вчера со пресврт славеше против Астон Вила откако на полувреме губеше со 0:2 на крајот стигна до 3:2.
„Црвените ѓаволи“ ги израдуваа навивачите против еден од хитовите сезонава во Премиер лигата, а тренерот Ерик Тен Хаг ги пофали навивачите по натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Губевме на полувремето со два гола кои ги примивме по една статична ситуација и недоволна концентрација. Сепак, одигравме силно и во првото полувреме.
На полувремето им кажав на фудбалерите: „Продолжете да верувате и да ги правите работите на ист начин, уште подобро“. Моравме да направиме притисок врз противникот и видовте дека при 1:2 уште повеќе го подигнавме темпото.
Ако дадеме се од себе и играме како што знаеме, тогаш можеме да се надигруваме со секого, можеме и да победиме секого и по заостанување од два гола. Важно е да продолжиме со истиот дух и да покажеме карактер“, изјави Тен Хаг.