Поради лошите резултати, Ерик Тен Хаг се соочува со сериозни критики и често се пишува за негова можна смена од кормилото на Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Многумина очекуваат следната сезона да не го води тимот, меѓутоа тој се повика на тригодишниот договор и поддршката која како што вели ја има од Сер Џим Ратклиф кој од неодамна стана косопственик на тимот.
„Секојдневно имам состаноци со Рактлиф и сите лица во управата. Знам добро што правам и верувајте ми. Ние разговараме за иднината на клубот, никогаш тема не е тренерска смена. Мојот договор има важност уште три години и до мене не допираат никакви гласини. Доколку управата смета дека повеќе не треба да сум тренер, тогаш ќе се повлечам и ќе го отстапам местото на следниот што ќе дојде. Комплетната групација на Јунајтед е зад мене и ми дава поддршка“, изјави Тен Хаг.
Иако, Тен Хаг е убеден дека има поддршка, медиумите на Островот пишуваат дека клубот работи и бара негов наследник.