Дома Останати Кошарка Teктонски поместувања во НБА, Леброн и Пол заедно во Лејкерси!?

Teктонски поместувања во НБА, Леброн и Пол заедно во Лејкерси!?

lebron

Лос Анџелес Лејкерси и претседателот Меџик Џонсон поставија јасен план, а тој е на лето да бидат доведени две суперѕвезди.

Според тој план примарни желби на Лејкерси се Леброн Џејмс и Пол Џорџ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, за воопшто да бидат во ситуација да им понудат максимлани договори на најдобриот кошаркар на дешеницата и едно од најдобрите крила во лигата прво би морале да се ослобдат од Луол Денг кој до сезоната 2019/2020 ќе инкасира 54 милиони долари.

Медиумите во САД како идеален „партнер“  за планот на Лејкерси гледаат во Далас Маверикс кој исто така се наоѓа во комплетно реновирање на тимот.

Официјални преговори се уште немало, но овој клуб е познат како тим кој е спремен да им помогне на ривалите да се ослободат од големите договори на своите ѕвезди и направат место за нови.

Истовремено се појавуваат и информации според кој Леброн го известил сопственикот на Кливленд, Ден Жилберт дека не може да му гарантира дека и следната сезона би останал во Охајо, додека момчето кое родено во ЛА неколку пати јавно истакнуваше дека има огромна желба да игра во својот роден град.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…