Teжок удар за Јирген Клоп. Еден од најблагодарните играчи во системот на игран а Ливерпул, Фабињо мора да оди на пауза.
Бразилецот се повреди во текот на првото полувреме во натпреварот против Наполи во средата и таа повреда воопшто не е наинва. Ливерпул денес потврди дека за Фабињо оваа календарска година е завршена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фабињо ги оштети лигаментот на скочниот зглоб и го очекува пауза од најмалку четири, можеби и шест недели што значи дека ќе пропушти голем број натпревари во период кога има згуснат распоред.
Бразилскиот фудбалер ќе ги пропушти натпреварот со Брајтон во Премиер лигата на „Енфилд“, Бурнемоут, Вотфорд, Вест Хем, Лестер и Вулверхемптон. Во најдобар случај ќе може да настапи во првиот натпревар во 2020 година кога Ливерпул ќе го пречека Вулверхемптон, додека очекувањата се сигурно да биде спремен за дербито со Тотенхем на 11. јануари.
Во меѓувреме ќе ги пропушти четвртфиналниот натпревар од Лига купот со Астон Вила во Бирмингем и очекуваните два натпревари на Светското клупско првенство.