Стигнаа нови информации за повредата на еден од најдобрите играчи на Голден Стејт, а воедно и во НБА – Стеф Кари.
Вестите не се ни малку добри. Имено Стеф Кари ќе отсуствува од паркетот најмалку три недели.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, после три недели ќе бидат извршени нови прегледи и тогаш ќе се добијат повеќе информации.
Еден од најдобрите кошаркари на денешницата заработи повреда во натпреварот против Атланта во моментот кога соиграчот Џавал Мекги падна на неговата нога.
Кари заработи повреда на лигаментот и наводно се работи за повреда од втор степен. Претходно во текот на денот, спортскиот аналитичар Џеф Стот наведе дека доколку навистина е во прашање повреда од втор степен, опоравувањето ќе трае околу шест недели.
Во случајот на Кари се очекува тој да биде повторно прегледан за три недели и тешко е да се верува дека докторите ќе му дозволат веднаш да заигра.
Иако не се работи за најтешка повреда, ова е секако голем удар за Вориросите кои ќе бидат ослабени на стартот на плеј-офот кој започнува на 14 април.
Breaking: Steph Curry suffered a Grade 2 MCL sprain in his left knee, league source tells @wojespn. He will be re-evaluated in three weeks. pic.twitter.com/XgcHhGU7E7
— SportsCenter (@SportsCenter) March 24, 2018