
Кошаркарска Србија и регионот се во жалост поради ненадејната смрт на Драган Лабовиќ, поранешен репрезентативец на Србија и долгогодишен интернационалец. Лабовиќ почина на само 38-годишна возраст, а српските медиуми јавуваат дека причина за смртта е срцев удар. Тажната вест ја потврди и Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС).
Лабовиќ беше еден од оние играчи кои оставија траен печат и на македонската кошаркарска сцена. Навивачите добро го паметат неговиот блескав период во дресот на Карпош Соколи, кога беше вистински лидер на тимот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како крилен центар со силна присутност под обрачите и изразена кошаркарска интелигенција, Лабовиќ изгради респектабилна кариера настапувајќи за бројни клубови низ Европа и светот. Меѓу тимовите за кои играше се вбројуваат: ФМП Железник, Борац Чачак, Арис (Грција), Франкфурт Скајлајнерс (Германија), Јенисеј Краснојарск и други.
Фото: Принтскрин