ЛУКА ДОНЧИЌ веќе е во Лос Анџелес каде што ќе ја продолжи кариерата како играч на Лејкерс, каде што пристигна по неочекуваната трампа помеѓу славниот клуб и Далас Маверикс. Во зделка која ги изненади сите, Дончиќ по седум години во Далас, пристигнува во тимот на Леброн Џејмс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новонастанатата ситуација ја коментира и таткото на Дончиќ, Саша Дончиќ, кој поголемиот дел од кариерата го помина во Словенија, каде двапати беше и шампион.
„И јас бев изненаден, дури и шокиран. Ниту на почетокот не верував дека е вистина, беше навистина чудно. Но во НБА се е можно, па се случи и оваа. Мислам дека не е лошо“, рече таткото на Дончиќ.
Саша Дончиќ додаде дека на се гледа позитивно и неколку пати повтори дека верува дека овој потег е добар за неговиот син. Но, го налути тоа што Лука, откако со години му беше заштитно лице, последен дозна дека менува клуб.
„Ја разбирам филозофијата дека одреден играч не е добар за тебе. Сето тоа е добро. Но ова криење од некои поединци, ова лицемерие, боли. Со оглед на тоа колку се жртвуваше, Лука не го заслужи ова. Мислам дека не е фер“.