Жарко Пешевски стави на хуманитарна аукција репрезентативен дрес за помош на Стефан Петрушевски. Наддавањето почнува од 6.000 денари и ќе трае до петок во 21 часот.
Жарко Пешевски стави на хуманитарна аукција репрезентативен дрес за помош на Стефан Петрушевски. Наддавањето почнува од 6.000 денари и ќе трае до петок во 21 часот.
Кирил Лазаров го стесни изборот за ноемвриските квалификации, со Мартин Серафимов повторно во составот. Првите противници се Луксембург во Скопје и Грција на гости.
Дмитри Хориха е во изборот за стартот на квалификациите, додека Жарко Пешевски не е повикан, а Никола Митревски е меѓу резервите. Првите предизвици се Луксембург во Скопје и гостувањето во Грција.
Македонскиот шампион Пелистер ја задржува стабилноста во ростерот, откако клубот постигна договор за продолжување на соработката со искусниот репрезентативец Жарко Пешевски. Кружниот напаѓач и на свои 35 години ќе остане дел од битолскиот состав и во наредната сезона. Со новиот договор, Пешевски ќе продолжи да има значајна улога во тимот, носејќи искуство и сигурност во играта на „зелено-белите“. Неговото пристигнување …
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го издвои голот на македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски во категоријата на најубави потези од третото коло во Лигата на шампионите, додавајќи „и кружните напаѓачи знаат да создадат уметност“… Иако Пелистер го запиша првиот домашен пораз сезонава во дуелот со данскиот ГОГ Гудме, Пешевски блесна со мајсторски погодок од речиси невозможна позиција. Line players can create art, …
Андротеа Милевска се врати по повредата со успешен првенствен настап за ЧСМ Букурешт. Македонската репрезентативка беше меѓу трите најдобри поентерки во победата над Клуж со 3-0.