Португалија во финалето од Лигата на Нации ја победи Холандија со 1:0 и така го освои првото издание на Лигата на Нации. Кристиано Роналдо кој во полуфиналето постигна хет-трик, не одигра на своето ниво, а за тоа се заслужни Матијас Де Лихт и Вирџил Ван Дајк кои одлично го чуваа. Португалскиот капитен после натпреварот се поздравуваше со играчите на Холандија. …
