Никола Јокиќ не беше поентерски расположен и против Детроит постигна само четири поени, но затоа запиша 16 асистенции против најлошиот тим во НБА лигата. Српскиот ас беше расположен да ги проигрува соиграчите, а една од тие асистенции беше во тил на квотербек преку целиот терен. Јокиќ по еден дефанзивен скок го пронајде Кентавиус Колдвел-Поуп кој акцијата ја заврши со забивање.