Барселона минатото лето панично бараше замена за Нејмар, а бидејќи не можеше тогаш да го купи Кутињо, за 105 милиони евра го купи 20-годишниот Осман Дембеле. Французинот, кој стана најскапо засилување во историјата на славниот клуб, во Барселона беше дочекан со голема скепса. Притоа, на самиот старт му се случи несреќа, се повреди уште на својот втор натпревар за Барселона. …