Maкедонскиот напаѓач кој игра во одлична форма и вчера постигна уште еден гол за Абердин, Бојан Миовски во наредниот период ќе добие нов тренер. Шкотскиот тим го отпушти тренерот Бери Робсон поради лошите резултати во последниот период. Отказот на Робсон дојде по вчерашниот пораз од Хартс. „Ова беше тешка одлука на раководството, меѓутоа сметаме дека промена е неопходна за клубот …