Дома Фудбал Taжната приказна на Лорик Цана – Човекот кој го носеше дресот на Лацио, ПСЖ, Галатасарај…

Taжната приказна на Лорик Цана – Човекот кој го носеше дресот на Лацио, ПСЖ, Галатасарај…

Беше еден од најдобрите албански фудбалери на сите времиња, лидер и капитен, но мораше да стави крај на одличната кариера.

Поради проблеми со срцето, Цана и официјално ја заврши богатата фудбалска кариера. Капитенот на репрезентацијата на Албанија за националниот дрес за својата земја одигра 93 натпревари и постигна еден погодок.

Во текот на кариерата настапуваше за голем број респектабилни клубови, а најголемиот дел од својата професионална кариера го помина во француската лига каде со успех го носеше дресот на ПСЖ, Марсеј и Нант кој беше негов последен клуб.

Информацијата за конечен крај предизвика бројни реакции во албанската јавност бидејќи фудбалерот беше вистински лидер на репрезентацијата која успеа да се пласира на историското Европско првенство минатата година во Франција.

Цана е роден во 1983 година во Приштина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…