Турскиот моден бренд е новиот поддржувач во работата на KФСМ.
По повод остварувањето соработка и потпишувањето на договор за партнерство меѓу Македонската кошаркарска федерација и познатиот моден бренд „Кигили“, денеска, беше одржана заедничка средба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со овој договор, компанијата „Кигили“ ќе биде партнер на КФСМ и ќе се грижи за подигнувањето на имиџот на нашата федерација во наредниот период.
Компанијата „Кигили“ важи за голем поддржувач на спортот во европски рамки, партнер на германски Волфсбург, италијанскиот кошаркарски клуб Фортитудо, Фенербахче, Црвена Звезда од Белград, како и фудбалската федерација на Македонија, а од пред еден ден и Македонскиот олимписки комитет.
„Во оваа прилика, сакам да изразам посебна благодарност до Извршниот директор, г-дин Хилал Суредем и компанијата ‘Кигили’, кои го пронајдоа својот интерес за заедничка, и се надевам долгогодишна соработка со нашата федерација. Практично од денеска заедно со нашиот нов партнер, да тргнеме кон уште подобри резултати, и да славиме нови успеси на македонската кошарка. Ќе ја имаме таа чест да придонесеме за оваа компанија, која во деновите кои следуваат и во вистинска смисла на зборот, ќе се грижи за имиџот, не само на федерацијата, туку и многу други кошаркарски сегменти, да биде навистина присутна, да биде почитувана, да биде дел од нашиот успешен тим во периодот кој што следува“- потенцираше претседателот на федерацијата, Перо Антиќ.
Генералниот секретар на федерацијата Владимир Георгиевски го поздрави потпишувањето на заедничката соработка со познатата турска модна компанија.
„Ние, како партнер, добиваме една сериозна компанија која има свои долгогодишни вложувања во спортот, во врвни клубови, во европски рамки, партнер на германскиот Волфсбург, италијанскиот Фортитудо Болоња, Фенербахче, белградска Црвена Звезда, сега и во нашата федерација, ден порано и нашиот олимписки комитет. И навистина сме горди што од денеска стануваме дел од тоа високо спортско европско друштво. И со потпишувањето на овој партнерски договор, сигурен сум дека имиџот на федерацијата ќе биде на едно, уште повисоко ниво“- изјави Георгиевски.
Хилал Суредем, извршниот директор на „Кигили“ потенцираше неколку битни работи на средбата со претставниците на нашата федерација.
“Би сакал да му се заблагодарам на претседателот на Македонската кошаркарска федерација, г-динот Перо Антиќ, што нè нагостивте тука во Скопје. Македонија е наша сестринска земја, блиски сме географски, но и со слични културни вредности. Многу сме среќни што сме тука и го зајакнавме овој афинитет како официјален спонзор за облека на кошаркарската репрезентација.
Како најголем бренд за машка облека во Турција, потпишуваме добра соработка, и посакувам нашиот договор да биде поволен за двете страни. Ние сме бренд кој секогаш стои покрај спортот и спортистите. Ние ги поддржуваме нашите тимови во странство, како и во нашата земја, и ќе продолжиме да го правиме тоа. Посакуваме да станеме сведоци на успесите на нашите тимови и да ја споделуваме нивната радост. Нивните успеси да бидат чести и долготрајни“- гласат зборовите на поддршка кои стигнаа од Извршниот директор на нашиот нов партнер.