Македонија утре ќе се соочи со Естонија, а пред тој натпревар покрај селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата зборуваше еден од најискусните во нашите редови, Иван Тричковски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иван Тричковски кој во своот клуб игра во одлична голгетерска форма најави дека Македонија како и секогаш и против Естонија оди на победа. Косово е минато и пред нас се сега нови предизвици.
„Тоа што го посакувавме го направивме – го победивме Косово и се пласиравме во финалето. Но, веќе тоа е минато, утре не чека нов натпревар, нов противник и се подготвивме за овој натпревар колку што можевме подобро. Целта и овој пат е иста, победа“, изјави Тричковски.
Македонија натпреварот во Талин против Естонците ќе го игра утре во 18:00 часот.