Килијан Мбапе се смета за најбрз играч на денешницата, всушност неодамна против Монако имаше спринт од 40 километри на час (за голот од 2:0).
Меѓутоа англиските статистичари дојдоа до информација дека Мбапе останал во сенка на играчот од англискиот второлигаш, Блекбурн, Тајлор Маглоир.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој постигна брзона од 10.6 метри во секунда и така станал најбрзиот играч во историјата на Блекбурн.
„Никој не може да го победи во трка“, изјави менаџерот на Блекбурн, Тони Моврабаи.
Рекордот во Англија претходно го постави Џош Кинг со 10.2 метри во секунда, но Маглоир успеа да го помине.
Маглоира имаше тешка повреда зад себе, но сепак во февруари потпиша нов договор со клубот до 2022 година.
https://www.youtube.com/watch?v=IE-1yzYL10I