Дома Фудбал Останато Tребаше да биде подобар од Роналдо, но заврши зад решетки

Tребаше да биде подобар од Роналдо, но заврши зад решетки

После доаѓањето во Манчестер Јунајтед во 2003 година, Кристиано Роналдо во јавноста најави нова португалска ѕвезда.

„Ако мислите дека јас сум добар, почекајте да го видите Фабио Паим“, порача Роналдо после трансферот на „Олд Трафорд“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓупта, 16 години подоцна Паим се најде зад решетки. Тој е уапсен поради поврзаност со нарко картели. Паим е бил уапсен заедно со неговата сопруга. Двајцата биле уапсени откако им се прислушкувале телефоните.

Кога Роналдо го фалеше Паим имаше само 15 години и уште тогаш го следеа скаути на Барселона, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. На 19 години супер агентот Жорге Мендеш го одведе на позајмица во Челзи и изгледаше дека му претстои голема кариера. Сепак, тој големите очекувања никогаш не ги оправда.

„Кога денес би имал нова шанса би бил повеќе трпелив. Во тоа време имав премногу слободно време и правев глупости“, призна претходно крилниот фудбалер кој не успеа да направи голема кариера.

Набрзо од сениорскиот тим беше вратен во резервниот потоа беше испратен во Спортинг. Подоцна замина и од португалскиот гигант за да игра во трета лига на Малта, па следуваа епизоди во Луксембург, Катар, Ангола…Кон крајот на 2017 година се врати во Португалија и играше за вториот тим на Леихоес после што ја заврши кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…