Дома Трансфер зона Tрансферот пред реализација: Манџукиќ блиску до враќање во Италија!

Tрансферот пред реализација: Манџукиќ блиску до враќање во Италија!

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ се наоѓа на чекор од потпис со екипата на Фиорентина.

Искусниот 34 годишен офанзивец доби повик од тимот од Фиренца кој тешко може да го одбие. Овој клуб му понудил договор на две години вреден три милиони евра по сезона и опција за продолжување на соработката на уште една сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„СпортИталија“ тврди дека трансферот е многу блиску до реализација и дека Манџукиќ наскоро ќе биде официјално претставен како нов член на „виолетовите“.

За Манџукиќ ова ќе биде враќање во Италија после само неколку месеци во кои го носеше дресот на катарскиот Ал Духаил.

На Хрватот не му се допаднал животот во оваа земја и поради тоа одлучил да се врати во Италија. Претходно Манџукиќ го носеше дресот на Јувентус со кој освои четири титули шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …