Еден од најдобрите плејмејкери кои некогаш Европа ги имала, Тони Паркер ова лето би можел да го напушти Сан Антонио каде што настапува уште од 2001 година.
Паркер заедно со Тим Данкан и Ману Џинобили беше важен играч во освојувањето на дури четири шампионски титули со екипата која ја предводи легендарниот Грег Поповиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За среќа на љубителите на кошарката Тони Паркер не размислува да стави крај на кариерата.
„Не сум сигурен дали ќе останам во Сан Антонио…Отворен сум за предлози. Играм 17 години за Спарси и секогаш ќе чуствувам носталгија, но не би било ниту крај на свет доколку го променам тимот. Во овој момент шансите се 50-50, да останам или да заминам, но сигурно ќе продолжам да играм“, изјави Паркер кој за неколку дена полни 36 години.