Дома Фудбал Tимот кој не игра на Мундијалот предводен од Халанд изгледа страшно 📸

Tимот кој не игра на Мундијалот предводен од Халанд изгледа страшно 📸

„Трансфермаркт“ објави список со фудбалери кои нема да настапат на Мундијалот во Катар, а истиот изгледа навистина страшно.

Познатиот портал го објави тимот составен од ѕвезди кои нема да бидат дел од натпреварувањето на кое ќе се соочат најдобрите репрезентации во светот.

Тимот го предводи Ерлинг Халанд од Манчестер сити, кој остана без настап бидејќи Норвешка не се пласира на Мундијалот, а во екипата ги има и Фирмино, Жота, Погба, Салах, Тиаго Алкантара, Канте, Рамос, Томори, Хумелс и Де Хеа.

Мундијалот во Катар почнува в недела со дуел меѓу домаќинот и Еквадор од 17 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …