Иако навивачите бараа смена, сепак Пане Блажевски ќе остане тренер на Тиквеш.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неколку дена по одигрувањето на петтото коло раководството на клубот од Кавадарци одлучи да го остави Блажевски на кормилото.
Пане Блажевски успеа да го врати Тиквеш во првата лига после 17 години, тука конкуренцијата е посилна, па во првите пет натпревари се уште чекаат на првата победа.
Во колото кое следи по репрезентативната пауза Тиквеш ќе се сретне со Ренова.
Фото: PhotoKav (ФБ)