Дома Трансфер зона Tиаго Силва ќе се врати во Серија А, но не во Милан?

Tиаго Силва ќе се врати во Серија А, но не во Милан?

Tиаго Силва ова лето откако ќе му истече договорот со ПСЖ ќе си замине како слободен играч после осум години поминати на „Паркот на Принцовите“.

Иако Силва во септември ќе наполни 36 години за него се уште има и тоа како интерес од европските клубови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе се шпекулираше за интерес на Милан, Арсенал и Евертон, а сега италијанскиот трансфер гуру Џанлука Ди Марцио тврди дека Бразилецот може да заврши во Фиорентина.

Наводно Силва и дал до знаење на Фиорентина дека сака да ја сослуша нивната понуда.

Кога се англиските клубови во прашање Ди Марцио верува дека Евертон има предност во Арсенал поради тоа што Анчелоти е посериозен во намерата. Наводно Евертон ќе му понуди договор на две години.

Ќе потсетиме во Италија Силва настапуваше од 2009 до 2012 кога го носеше дресот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…