Дома Македонски спорт Tренерот на Ростов по дебито на Тошевски: За две-три недели ќе биде спремен

Tренерот на Ростов по дебито на Тошевски: За две-три недели ќе биде спремен

Македонскиот талентиран напаѓач кој од Работнички премина во руски Ростов вчера го имаше своето деби за новиот тим и тоа против шампионот на Русија силниот Зенит.

Ростов загуби од Зенит со 2:0, а Тошевски одигра десетина минути. По натпреварот тренерот на Ростов Валери Карпин зборуваше за Тошевски и посочи дека тој се уште не е физички спремен и најави дека ќе биде за две-три недели.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Нормално е што играше толку. Во овој момент Давид не е подготвен ниту за 30 минути. Меѓутоа тоа е сосема нормално затоа што прво тренираше без тим и сега ја брка физичката подготвеност. За две-три недели ќе биде на потребното ниво кога е кондицијата во прашање“, изјави Карпин.

Ќе потсетиме, во овој преоден рок Тошевски за 900.000 евра премина од Работнички во Ростов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …