Дома Фудбал Tренерот на Динамо за поразот во Косово: Ова е срамота, се извинувам на цела Хрватска

Tренерот на Динамо за поразот во Косово: Ова е срамота, се извинувам на цела Хрватска

Динамо Загреб се посрамоти на гостувањето кај Балкани во Приштина, каде што загуби со 0-2, а тоа предизвика хаос во Хрватска.

Тренерот Сергеј Јакировиќ мораше да ѝ се извини на цела Хрватска, па дури и да најави негово заминување од кормилото на Динамо.

Јакировиќ најверојатно ќе го напушти клубот од Загреб по 10 натпревари и три болни порази.

„Ова е заслужен пораз. Ѝ се извинувам на цела Хрватска и на навивачите. Преземам одговорност. Се обидовме да го извлечеме максимумот, но тие беа подобри од нас. Ова ми е најтешкиот пораз во кариерата. Ова е срамота“, кажа Јакировиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед без ново привремено решение? Карик пред важен тест со Вила

Победата над Рома му донесе здив на Мајкл Карик, но не ги отстрани дилемите на управата. А…