Дома Трансфер зона Tребаше да биде замена за Елмас, а сега е пред трансфер во – Јувентус!

Tребаше да биде замена за Елмас, а сега е пред трансфер во – Јувентус!

Српскиот фудбалер роден во Германија Лазар Самарџиќ како и во претходниот преоден рок и во овој е во центарот на вниманието. Минатото лето му пропадна скоро договорениот трансфер во Интер, а сега слична беше ситуацијата со Наполи.

Според последните информации Самарџиќ и неговиот татко на крајот се договориле со Јувентус.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Наполи и Удинезе претходно постигнаа договор и Самарџиќ требаше да биде замената за Елмас, но проблем како и со Интер настана кога таткото на Самарџиќ ја отворил вратата за другите клубови поради подобрите финансиски услови.

Наводно, Јувентус брзо реагирал и му понудил три милиони евра по сезона и тоа веднаш било прифатено. Јувентус, сега треба да се договори со Удинезе околу оштетата, но се претпоставува дека тоа нема да биде проблем.

Со Самарџиќ исто така се поврзуваше и премиерлигашот Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила за 45 милиони договори одлично засилување

Јан Матсен е нов фудбалер на Астон Вила. Левоногиот фудбалер ги договорил сите услови со к…