Дома Фудбал Останато TРАГЕДИЈА во Мексико: Претепан судија од последиците почина во болница

TРАГЕДИЈА во Мексико: Претепан судија од последиците почина во болница

Фудбалскиот судија од Мексико, Хозе Валдемар Ернандез Капетило, починал во саботата во раните утрински часови.

Капетило починал како последица од ударите кои ги добил од фудбалерите на Гвадалахара.

Инцидентот се случил на 23 декември, кога Капетило му покажал црвен картон на фудбалерот на споменатиот тим, кој потоа физички го нападнал, го удирал со рацете и нозете, а нападнатиот судија завршил во кома.

После неколку денови поминати во кома, несреќниот судија починал во болница, а казната за фудбалерот се уште не е позната.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија ја почнува новата сезона во Лигата на Нации – Швајцарија е гостин во Скопје!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тод…