Дома Фудбал Италија Tоти отворено призна: Моментот кога го шутнав Балотели? Сакав да го повредам (видео)

Tоти отворено призна: Моментот кога го шутнав Балотели? Сакав да го повредам (видео)

0
toti

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти кој денес е дел од стручниот штаб на клубот во интервју за римската „Република“ се потсети на веројатно неговиот најлош потег во кариерата.

Во 2010 година во дерби натпреварот од италијанското првенство Тоти со очигледна намера го шутна Марио Балотели и заработи исклучување.

Тоти денес осум години подоцна призна дека во тој момент сакал да го повреди напаѓачот на Интер.

„Моментот кога го шутнав Балотели? Беше тоа ужасен прекршок, признавам…Сакав да го повредам. Но, тој ме провоцираше. Ме навредуваше мене и навивачите на Рома. Во тој момент експлодирав. Интересно е што ниту еден играч на Интер не тргна да се расправа со мене. Изгледа дека Марио тогаш не беше омилен ниту помеѓу неговите соиграчи“, изјави Тоти.

Фудбалска легенда тврди и дека пензијата не му е досадна

„Деновите ми се скоро како кога играв. Станувам, ги носам децата на училиште и одам во Тригори. Таму сум со тренерот и играчите. Ги следам тренинзите, појадувам и се враќам дома“, објасни накратко „принцот на Рим“.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Генијално: Наполи со специјално видео го поздрави Сари (видео)

Маурицио Сари денес и официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус, а неговиот п…