Популарната видео игра ФИФА во новото издание носи некои интересни оцени.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Многу фудбалери веќе се „побунија“ за послабите оценки на ФИФА 21, но тоа секако нема ништо да промени. Сега е познато и кои се најдобрите изведувачи на слободните удар.
Најдобра оценка за изведување на слободни удари има Лионел Меси (94) зад него следи новиот играч за врска на Виљареал Дани Парехо (93). Интересно е што во топ 10 го нема Кристиано Роналдо. Роналдо не се прослави во последните сезони со слободните удари па за оние кои го следат и не е некое големо изненадување што не е лесно.
Високо на листата се најде и нашиот Енис Барди, на четвртата позиција.
ТОП 10 ИЗВЕДУВАЧИ НА СЛОБДНИ НА ФИФА
- Лионел Меси (94)
2. Дани Парехо (93)
3. Миралем Пјаниќ (92)
4. ЕНИС БАРДИ (91)
5. Себастијан Џовинко (91)
6. Шенсуке Накамура (90)
7. Нејмар (89)
8. Џејмс Ворд – Праус (89)
9. Роберт Сков (89)
10. Роберт Малиновски (88)