Дома Фудбал Сѐ е договорено: Манчестер Сити ќе има свој египетски крал!

Сѐ е договорено: Манчестер Сити ќе има свој египетски крал!

Манчестер Сити оваа сезона е само сенка од тимот кој сме навикнати да го гледаме изминатите години, а за тоа доволно говори нивната позиција во Премиер лигата. По 20 одиграни натпревари се наоѓаат на само шестото место на табелата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Беше неизбежно дека „Граѓаните“ ќе се засилат во зимскиот преоден рок, а првото засилување ќе биде официјализирано следната недела, потврдува Фабрицио Романо.

Станува збор за презаслужениот Египќанец Омар Мармуш кој игра одлично во Бундеслигата за екипата на Ајнтрахт Франкфурт.

25-годишниот напаѓач оваа сезона се наоѓа во одлична форма, што го покажуваат и неговите бројки. За 15 одиграни натпревари во највисоката германска фудбалска лига, постигнал дури 13 гола, а притоа додал и 8 асистенции.

Навистина импресивни бројки, но затоа екипата од Манчестер нема да го помине ова нималку евтино. Како што наведуваат англиските медиуми, обештетувањето што Сити ќе треба да го плати на Ајнтрахт изнесува околу 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кога Винисиус ќе слушне што рече Перез веднаш ќе ги спакува куферите и ќе си замине

Претседателот на Реал Мадрид рече нешто што не треба и тоа сигурно ќе го натера Винисиус Ж…