
Барселона вчера доживеа тежок пораз на гостувањето кај Севиља (4:1) во мечот од осмото коло на Ла Лига, но најтежок удар за Ханси Флик стигна дури кога судијата свирна крај на натпреварот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Каталонскиот клуб не успеа да ја задржи лидерската позиција на табелата бидејќи Реал Мадрид ја искористи слабоста на лутиот ривал и повторно се искачи на првото место.
Малкумина можеа да очекуваат дека Барселона ќе претрпи толкав тежок пораз вчера во Севиља, но домашната екипа играше фантастично и ја казни секоја грешка на индиспонираниот тим на каталонскиот клуб.
Меѓутоа, тежок пораз од Севиља не е најлошото што ја снајде Ханси Флик во вчерашниот дерби натпревар.
Имено, кога судијата свирна крај на натпреварот, Флик забележа дека неговиот лекарски тим влезе на теренот, а потоа сфати дека тоа го направија откако Рашфорд ги повикал.
Англичанецот покажа дека има проблеми со повреда и седна на теренот кога судијата свирна крај, и таа сцена многу го загрижи Флик кој и онака има мака со повредени играчи на почетокот на оваа сезона.
.🚨| BREAKING: Marcus Rashford is INJURED. He was down in PAIN after the full-time whistle.
— forblaugrana (@forblaugrana) October 5, 2025
He was also chosen MOTM 💔 pic.twitter.com/n3YUANkFfN