Дома Фудбал Страшни бројки на Жил Кунде против Реал Мадрид во Купот

Страшни бројки на Жил Кунде против Реал Мадрид во Купот

Фудбалерите на Барселона го освоија шпанскиот Куп на кралот по неверојатно возбудливото финале против Реал Мадрид во Севиља.

„Атомски“ фудбал се играше до 1 часот утрината на стадионот, каде беа видени два големи пресврта, Барселона по трет пат во сезоната го победи најголемиот ривал, а за она што Жил Кунде го направи на овој натпревар, не само поради голот за триумф, долго ќе се зборува и пишува.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Францускиот репрезентативец против Реал забележа 61 точен пас од 66 обиди, имаше седум украдени топки, шест исфрлања од својот казнен простор, три блокирани удари, а за 120 минути истрча 16 километри. Во тоа додаде и дека со својот погодок го одлучи финалето и одлично го следеше Винисиус Жуниор, кој имаше игра далеку под неговото ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…