
Двајца тркачи го загубија животот за време на денешниот полумаратон во казахстанскиот град Алмати, соопштија организаторите на трката.
Денешниот полумаратон во Алмати ќе остане засекогаш запаметен по страшната, ретко видена трагедија во која двајца тркачи го загубија животот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Аккојан Рсалиев и Нурбол Ахмади починаа за време на трката бидејќи им се слошило, во различни етапи на денешниот полумаратон во Казахстан.
Постариот натпреварувач Рсалиев (84) се сруши за време на првиот километар. Медицинската служба веднаш реагираше, но спаса немаше. Докторите како прелиминарна причина за смртта наведоа белодробна емболија и хронична хипертензија.
Од другата страна, 21-годишниот Ахмади изгуби свест по 16-те изминати километри. Пред да пристигне брзата помош, не беа во можност да го оживеат, а докторите по пристигнувањето го констатираа смрт. Наведоа дека веројатна причина е исто така белодробна емболија и акутна срцева слабост.
💥Во време на полумаратон во Алмати починаа двајца учесници
— BES.media (@bes_media_) Април 20, 2025
Двајца луѓе починаа за време на Almaty Half Marathon. Организаторите на трката изјавија дека станува збор за 84-годишниот Аккојан Рсалиев и 21-годишниот Нурбол Ахмади.
Подетално на веб-страница: https://t.co/HOr5xklKL4 pic.twitter.com/bbLRhViqFf
Фондацијата “Храброст да бидеш прв”, која го организираше полумаратонот, соопшти дека е во контакт со двете семејства, со планови за обезбедување финансиска поддршка.
Извршната директорка Салтанат Казыбаева нагласи дека безбедноста на тркачите е главен приоритет за организаторите, напоменувајќи дека сите учесници потпишуваат одрекување со кое потврдуваат својата кондиција и лична одговорност – што е стандард на глобалните тркачки настани.
И двајцата настрадани натпреварувачи беа редовни учесници на вакви настани и искусни тркачи.
“Редовно нудиме бесплатни тренинзи и обуки за безбедно трчање. Секој правец на трката е внимателно планиран во соработка со полицијата и итните служби”, додаде директорката на фондацијата која го организираше трката.
Инаку, полумаратонот во Алмати е трка со долга традиција која собира 10.000 учесници од повеќе од 20 држави од светот.
Фото: Almaty marathon