Дома Фудбал Страшен момент: Син на легендарен фудбалер по фрактура на вратот остана неподвижен да лежи на теренот (Видео)

Страшен момент: Син на легендарен фудбалер по фрактура на вратот остана неподвижен да лежи на теренот (Видео)

Страшен момент го обележа натпреварот во Италија кога голманот остана неподвижен да лежи по судар што го шокираше сите на стадионот.

Синот на легендата на германскиот фудбал Јирген Клинсман, американскиот голман Џонатан Клинсман, доживеа тешка повреда за време на натпреварот во италијанската Серија Б додека бранеше за Чезена.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Инцидентот се случи по судирот со играчот на Палермо, Филипо Ранокија, кога Клинсман тргна кон топката, а противничкиот играч го закачи во полн налет.

Сцената што следеше беше драматична, бидејќи медицинските екипи веднаш влетаа на теренот додека загрижениот тим го опкружи неподвижниот голман.

По подолготрајна медицинска помош, беше изнесен од теренот на носила со имобилизација на вратот, додека стадионот замолкна во шок.

Набргу беше потврдено дека добил фрактура на првиот вратен пршлен, што е исклучително сериозна повреда која бара посебна претпазливост и детални прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Понудата на Барселона за Левандовски предизвика гнев во Полска

Барселона му понуди на Роберт Левандовски продолжување на договорот, но со намалена плата,…