Полицијата во Загреб поднесе кривична пријава против ракометарот на РК Загреб Милош Кос (22) за кого се сомнева дека на 27 ноември околу 22:30 часот, по одиграниот натпревар во соблекувалната на Арена Загреб физички нападнал соиграчот Матеј Мандиќ (22).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што наведува Полицијата во Загреб, самиот настан не бил пријавен, а тековно се води криминалистичка истрага која започна веднаш по дознавањето за случувањето во медиумскиот простор.
Со истрагата е утврдено дека Кос, кој инаку е државјанин на Босна и Херцеговина и Србија, по вербална расправија физички нападнал 20-годишник и сериозно го повредил, а во понатамошниот напад го спречиле соиграчите.
Медиумите претходно информираа дека РК Загреб го суспендирал Кос и неговиот соиграч Звонимир Срна поради физичка пресметка во соблекувалната, која ја предизвикал Кос по поразот од Нант во Лигата на шампионите.