Ѓоковиќ го предаде полуфиналниот дуел на Австралија опен откако го загуби првиот сет на тајбрејк, по маратонска борба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Србинот од „Род Лејвер арената“ беше испратен со свирежи, а за таа атмосфера во која беше создаден наративот дека Ѓоковиќ „глуми“ и не е повреден, многу придонесоа медиумите.
Еден од тие кои не веруваа во повредата на Ѓоковиќ е и повеќекратниот грен слем шампион Џон Мекинро.
Иако секогаш позитивно го коментираше Ѓоковиќ, во четвртфиналето против Алкараз, кога Србинот токму тогаш и се повреди, имаше лош коментар. „Ова не е првпат да ја гледаме оваа тактика“
За да биде полошо, Мекинро не поверува во повредата на Новак ниту против Зверев.
„Движењето на Новак е импресивно. Не изгледа дека е повреден“, рече Американецот како коментатор на мечот, „Не сум сигурен каков е планот, но јасно ми е дека Новак добро се движи“.