Дома Фудбал Спортскиот директор на Леверкузен одговори на Баерн за Вирц

Спортскиот директор на Леверкузен одговори на Баерн за Вирц

Спортскиот директор на Баер (Леверкузен) Симон Ролфес одговори на коментарите на Баерн во врска со ѕвездата на „аспирините“ Флориан Вирц. Не е тајна дека баварците одамна го посакуваат 21-годишниот офанзивен играч, откако почесниот претседател на минхенскиот гигант Ули Хенес неодамна рече дека „сонува“ да го привлече Вирц. Тој беше пофален и од претседателот на Баерн Херберт Хајнер.

По тој повод Ролфес изјави: „Тоа воопшто не ме интересира и не е нешто што нè засега. Уште кога читав списание „Кикер“ на 10-годишна возраст, забележав дека Баерн секогаш прави слични работи малку пред натпреварите.“

„Така што ова не е нова тактика. Факт е дека Флориан – и тоа е така веќе долго време – е играч кој го привлекува вниманието низ цела Европа, тоа не е нешто ново“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…