Дома Фудбал Сон негира дека ќе се врати во Тотенхем

Сон негира дека ќе се врати во Тотенхем

Хјонг-Мин Сон категорично ја отфрли можноста да се врати во Премиер лигата за време на зимскиот трансфер прозорец. Се појавија гласини дека јужнокорејскиот легионер е отворен за привремено преместување во Тотенхем.

Во интервју за телевизискиот канал „TV Chosun“ фудбалерот даде појаснување за ова прашање:

„Никогаш не сум преговарал со ниту еден клуб за зимски трансфер. Таквите гласини се едноставно неточни. За мене најважното е да покажувам почит кон Лос Анџелес ФК и да го давам најдоброто од себе таму каде што играм – тоа никогаш нема да се промени”, изјави тој.

Сон веднаш стана корисен за калифорнискиот тим, зошто постигна десет голови и даде четири асистенции во дванаесет натпревари. ЛАФК ќе се соочи со Ванкувер, воден од Томас Милер, во четвртфиналето на плејофите на МЛС.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов шок за ѕвездата на Барселона: Со солзи го напушти теренот поради повреда (Видео)

Барселона со победа од 3:1 во Севиља го продолжи својот совршен старт на сезоната, но натп…