Дома Фудбал Солбакен: Трениравме и како е да се биде „10 на 11“ на теренот

Солбакен: Трениравме и како е да се биде „10 на 11“ на теренот

Во последните минути од мечот и неколкуте грешки, Копенхаген искористи и издвои триумф за пласман во плеј-офот во ЛШ, додека за Вардар тоа остана само сон.

Домашниот состав славеше со 4:1, а Вардар ќе се обиде да ја бара шансата за пласман во Лига Европа.

Предводникот на данскиот состав, Стале Солбакен истакна дека одлучувачка била менталната сила на неговиот состав.

„Моите момци имаа поголема ментална подготвеност. Кога беше тешко издржавме и на 1:1, а го трениравме и тоа како е да се биде на теренот 10 на 11. Среќни сме што ќе бидеме долго во Европа оваа сезона. 11 пати во 12 сезони тоа ни успева, и тоа не е случајност“, истакна Солбакен по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда ја врзува иднината со Гаштаров: нов договор по пробивот во првиот тим

Матеј Гаштаров ја продолжи соработката со Црвена звезда до 2031 година. Македонскиот репре…